Ако сакаш чизми во стил на мартинки има на ФБ види Molini shoes или Smiki fashion shoes. Ако сакаш кожни има и во Адесо тренд во ГТЦ, не се скапи мислам. А оригинал освен во Артурс не знам каде има. Ај сега плиззз за мене помош. Каде да најдам кожна јакна ама вистинска кожа до кај 7000? Освен Зара и Манго, не ми се нешто најквалитетни. Масимо се топ ама над 12000
Со здравје да си ги носиш. Фала ти, ќе разгледам. Мислам дека поскапи се и таму, но реално тешко под 200 евра да најдам освен на попуст.
Фармерките се буквално исти како на сликата. Тие поширочките модели и оние со широк ластик на половината се баш дебел тексас. Мене ми се допаѓаат. Што се однесува на оние баш зимските тренерки јас имам и тоа бели и не, не се прозираат. Јакничките да, поевтини се но мене не ми се допаѓа материјалот, делува ефтино и после една сезона би се распаднала. Јас за помалку пари (999ден.) начекав во Зара летово (сега истата е 2990), и во Страдивариус а материјалите се каде каде поквалитетни.
Ако ти се даваат 15 -20 000 за јакна онда мона Јас се зезнав минатата есен коа бев во Грција најдов преубави модели (како оние од Зара со каивче доле нели, и оние со рабови на рамената), кожна намалена на 50 евра. И глупача не си ја земав и ден денес ја мислам
Лелее да, Грција има предобри кожни ствари ама сега со коронава.... Јас мислам најпаметно да си чекам блек фрајдеј ондак, може ќе има попуст. Како сум тргнала само нешто купувам, а ништо немам облечено годинава, па и не дека ќе одам некаде наредниве месеци.
Јас однапред се извинувам бидејќи знам дека нема да сум ти од помош за конкретна продавница кај нас, ама ми дојде идеја само како предлог. Доколку не ти е ништо итно, и доколку не ти е стриктно само за оваа сезона туку ќе е нешто што би сакала да го носиш и понатаму, би ти рекла да почекаш, па кога ќе се отворат граници да си купиш од Грција. Или евентуално да порачаш преку некого, доколку познаваш некој кој живее таму. Го пишувам ова чисто поради цената која си ја навела, 12.000 ден., за која сметам дека е пренапумпана. Лани лето си купив јакна од јагнешка кожа, квалитетен крој, тешка, цврста изработка, од 90€ ми ја спушти на 75€, и еве и тогаш и сега ја убив од носење. За тие цени кои ги има кај нас (настрана и фактот што и немаме така голем избор тука), таму ќе купиш две-три.
Фала ти најмногу за советот, така и ќе направам изгледа. Кожна јакна гледам како инвестиција за наредни барем 10 години, но сепак над 200 евра за Мона, што изгледа ни е единствената опција тука, стварно е многу. Лани си земав долги ракавици од Евроазија, беа накај 200 денари. Можно е уште да ги има. На страната на Зара има кожни и кашмирни, но поскапи се.
Во целост се согласувам за Грција, другарка има земено, веќе над 5 години ја носи, презадоволна. Во случај да не ти се допадне или нешто друго, од искуство на мајка ми ќе кажам дека инвестицијата за Мона вреди (иако е скапо). Мантилот кожен што го има земано, изнаносен, над 10 години веќе, уште е коска.