Пирсови за на уво? Сакам нешто нежно, налик обична обетка, но да се затвора со топче. Знаете ли каде можам да најдам? Да бидат сребрени или од медицински челик.
Златарска уличка во чаршија или фиоре, во чаршија имаат да не речам ист накит со фиоре но среброто и златото се далеку поевтини.
Да, но не сум забележала обетки кои се закопчуваат во топче како за пирс. Најчесто се со обичен гвинт. Имаш видено ваков вид на пирс како на сликата од погоре во Фиоре или Чаршија?
Во Чаршија оддамна немам отидено искрено, но кога бев последниот пат на златарска нема што немаше мислам дека имаа донесено се што постои да не речам. На крај краева бижутерија нарачај, но тоа е ризично за увото не би ти препорачала, посклона ќе си на инфекции доколку имаш осетливи уши.
Светло розев џемпер но по пристапна цена?(600 ден мах) може и на V, може и ролка, сеедно, важна ми е бојата. Само не онлајн.
Девојки го најдов овој чистач на облека во сетек, дали некоја од вас го користела или сте купиле некое поефтино од некаде, а сепак да сте задоволни? Мака мачам со упки.
Пред некоја година мајка ми беше порачала од некоја страна за околу 300 ден, јас сум презадоволна. Дури и некој денар да се даде повеќе, вреди чудово . Многу алишта ми спаси кои ги направи како нови а јас сакав да ги фрлам.
Дали некој има порачувано од printifymk на Инстаграм? Бидејќи дизајнираат блузи/дуксери по желба сакам да знам дали е квалитетен принтот и дали вреди да се порача? Или па можеби знаете друга страна што печатат по желба и е квалитетно?
Може да ме насочите каде има детски блузи, ама само блузи, не комлети? Секаде каде прашав посебно не се продаваат
Бебе или поголемко? За поголеми деца има во Зара, Котон, Ваикики, OVS... Така поспортски обични блузички со апликации.