Зависи што ќе ти се бендиса... Јас во најк мн убави патики бендисав 3 600, во адидас едни 3400, зависи што сакаш, а има и по 5-6000 нормално
Би те лажела ако ти кажам дека знам, ама знам дека во Конверс има исто попуст, дечко ми за 2400 си зема мн убави патики, брат ми за 2 900... Па ѕирни, ништо не губиш...
девојки вакви купачи видел некој???пукнав за вакви ако знаете каде можат да се купат пишете ве молам!фала
Adidas може да најдеш ако има попуст, а Nike тешко. До душа во Adidas машките патики се движат отприлика на таа цена 4000-5000 Инаку мене ми треба некое ранче мало или средно, до кај 1500 денари, 1800 најмногу. Ме интересира оние малите ранчиња од Roxy дали уште ги има и која цена се? И дали се квалитетни? Ќе побарам и во Stylos на ул. Македонија, ама лани кога барав се беа големи ранци, т.е. скоро секаде беа такви
Девојки да не знаете каде има сега убави фустанчиња за искачање на попуст??во среда треба да излезам во кафич а немам што да носам
Ако не ти е тешко можеш да ми објасниш подобро каде кај Краш? Во блокот кај што се и авио агенциите?И каква боја?
Вакви цветни видов денеска во продавница карши Трафик кај билна што е, малку пред Аванти. 400 ден. се, ама само по едно бројче имаат
Па јас кога бев беа кафеави, не знам дали уште има и дали имаше др. боја, а тоа е улицата паралелна со собранието, мислам таму е заводот за статистика па доаѓа одспротива,......веднаш уличката излегува кај коктел барот пред РАМСТОР
Женски дајте кажете каде има поголем избор на убави фармерки? Многу сум терсене кога купувам фармерки, никако неможам да си најдам.
Некој ако е заинтересиран за летни фустанчина,блузилки,панталончина од битола тој што е има сега нова отворена продавница се е по 200 денари и навистина има многу убави работи,и да се скини да не ти е жал за 200 денари
дали некој знае како се движат цените на римјанките во аванти шуз во кисела вода ???конкретно на овие ??? ај хелп сакам утре да одам да си купам