Не знам дали е за овде прашањево но Ве молам за помош. Каде можам да најдам свечени фустани биг сајз за млади да се модерни фенси. Се наоѓаат некои модели но се ко за постари. Немам време за шиење а парите не ми се битни. Не знам во Ламас дали имаат големи бројчиња, не сум од Ск. Им пишав на страната се надевам ќе одговорат, ама некако сум скептик. И да има ќе бидат до кај 46 максимум. А јас сум бааѓи напраена последниве неколку месеци. Секоја идеа е добредојдена. ❤
Fame group на фб ми излегоа сега скоро. Види на инста кај нив на профилите на водителките, обично тагнуваат спонзори. Delux Haus на фб имаат сет од 2 за симболична сума.
Каде можам да најдам црни чизми над колена, на средно висока потпетица? Да не се многу скапи, до кај 1500 ден. По можност да нарачам онлајн
Вака некој подолг обичен дуксер, не многу скап, овој е 4000... Провери во Офис плус Енџел можеби Јас користам од Nine west еве веќе 7 години и не е никаде оштетен!
Каде можам да најдам ваква обична полуролка? Секаде кај што побарав низ град и по интернет ми излегуваат само плетени, дебели, од крути материјали..
Здравоо Дали некој знае каде можам да купам дуксерки во Тетово. Бев во трговскиов ама ептен ми се скапи, а за по спортскиве да не зборувам. Исто така ако знае некој каде можам да најдам тесни, фармерки ама од оној материјал кој што не се растегнува. Бутик некој да ми предложите? Не сакам да нарачувам неколку пати се зезнав
Пижамите од Сара Фешн се собираат после перење? Немам купувано досега од таму, само прслуци кои се со ист квалитет како од пазар. Ако и пижамите се исти да знам. Имале попуст деновиве 20% на сите модели ќе се излажам да си купам некои.
Јас имав 2 пара, и искрено ми се собраа одма. Исто и од Стружанка. Најзадоволна сум од Ваикики. Убав материјал се плус остануваат исти какви што ќе ги купиш.