Каде можам да најдам како на сликата хеланки, блуза? И некој да ми каже каде има капут само да не е долго?... Благодарам однапред
Дали некој има земено фармерки од mymoda? Дали се квалитетни со оглед на тоа дека се 700 денари, да не се прават коленици после 2 носења. Конретно за mom jeans ме интересира.
Јас имам еден пар, тие како пократки ѕвонарки со копчиња горе, засега ми се немаат направено коленици. Ама ги немам носено многу, 4-5 пати. Клик овде, го има истото во Бершка.
Знае некој во која продавница низ Скопјево може да се купи посебен горен дел на пижама ? Да не идат во пар ?
За фигури на Буда види во продавнициве што продаваат украси за дома, како што се склуптури, вазни, порцелан и слично. Најверојатно би требало да има во Базаро, а таква продавница видов и во близина на Рекорд, таа улицата што води до плоштад Македонија (улицата што е кај споменикот од Христо Узунов).
Некоја онлајн страна каде има машки дебели плишани пижами? Фејсбук, инстаграм, било каде Види во Bonatti и Kimico
Мислам дека гледав и во Сара фешн но не сум сигурна. Ако се движиш деновиве накај центар погледни во поголемите сара фешн на рекорд и во гтц.
Девојки знаете каде принтаат престилки, освен Тиноски? Итно ми е за поклон до 31 да биде готова, со денови барам и не можам да најдам по страниве.