Каде да најдам вакви панталони ама црни? Значи наеднаш доле да се шират и плус вака засечени да се. Гледав во Бершка слични но предолги се за жал, ако ги скратам би се изгубил моделот.
Во Капитол во оптиката што е доле ( не знам како се вика) пробував ист модел на guess тогаш беа на попуст околу 6500 ден.
Не знаев каде да го поставам прашањето, ама што обувки носите на работно место? Не носам штикли, сакам рамни обувки ама некако балетанки не ми се носат, не знам летово што би носела...
Каде да купам ракавици за маска/крема за раце? Имаше во ДМ сега нема, во COSMO исто нема. Ракавици од материјал што се перат, затоа што знам во ДМ сега има како хартиени со маска на нив за една употреба, не такви Сакам јас да си ставам крема и да си ги ставам ракавиците за низ дома
Јас секогаш имам проблем кога треба да купувам нови. Балетанки не носам, нит ми се допаѓаат, и неудобни ми се. За ова време имам нешто црно со мала пета. Преку лето купувам сандали ама не како за на плажа. Во Скопје имам видено во Капитол горе, имаше добар избор. Заборавив како се вика ,скоро пола спрат опфаќа.
Во Авон ги гледав порано нон стоп имаше, верувам дека уште ги има. Евентуално Орифлејм, Фармаси, таквите
Јас не се согласувам за квалитетот.. Тие што се по 300 денара се проѕирни, тие од 400 лош материјал што кога ќе се растегне изгледа безвеза.
@BabyT* зависи. Пример блузите им се супер (на кратки ракави), хеланките се сосема во ред за вежбање по дома. Сега за тие пари, не се до толку лоши.
Па добро не реков дека треба бог знае какви да се ама барем да не се проѕира цел задник. Пример за истите пари сто пати се по солидни во Пенти.