Каде можам да најдам или уште подобро да нарачам од Мк, нешто слично на оваа чанта? Знам дека има на алиекспрес ама ми треба за побрзо.
Сте ги виделе ли некаде наочариве само наместо златна боја рамка, ми треба сребрена. Да не се онлине само.
Каде, а повеќе ми е прашањето и што, би било убав подарок за идна мајка? Блиска другарка ми е и сакам нешто да и подарам а немам ни најмало искуство/идеја. Секој совет е добредојден
Пред празникот, ама имаш и во Амбар по 500 денари се. Сега божем ќе пробував ама многу ред за чекање и ме смрзе.
Мислам дека трае доста долго попустот во Мега фешн. Само ако носат нови работи, може нема да има попуст на тие. Сигурно ќе најдеш нешто што ќе ти се допадне.
Здраво девојки, Каде можам низ скопје да најдам женски маици на кратки ракави L/XL број ама да се долги надоле, до под задникот.. Или да ми препорачате онлине некоја страница, што доставуваат? Барав насекаде сите се до пола задник или пократки.. Фалаа