Каде да најдам убави летни фустанчиња, да не се скапи. Освен сити мол, други продавници да ми предложите.
Шорцеви така малку над колена, не многу кратки да сте виделе некаде и со нормални цени? Гледав на страната на New Yorker, нешто вака сакам ама малку соленки цениве ко за шорц.
во гтц горе на трети спрат или онлајн има на инстаграм бутици баш цветни гледав во laboutiqueskopje пиши разгледај
Лани вакви само млечно бели и малце подолги купив од Персин Куманово за 500 денари. Прашај можеби имаат останато.
Дечки барам долго лепршаво фустанче со ракавчиња, широчко, тенок материјал. Не ми е битно дали е шарено или еднобојно, само да најдам и да не биде 2000 Денес во Зара пробав едно ама огромен број беше и ќе си пукнам.
Каде по онлајн бутициве можам да најдам летни шалвари, такви лесни, ама не цветни, или еднобојни или на риги барам. Имате видено некаде?