Девојки долг,свечен фустан ама да не е сатенски.Низ Гтц и Бисер гледав ,низ Бисер има ама некако пренаџиџани,а јас сакам поеднставно нешто,а убаво Нешто како првиот,вториот и четвриот,жолтиот јок.Ќе наоѓам или да фаќам да шијам
Купив краток од таму за преку ден-за свадба ми треба инаку.Дадов 5600 ама преубав е.А долгите беа изгор,и некако немаше некој едноставен да ми влезе во очи,иако на лик се преубави кога ќе го облечеш друго стои
Бидејќи немам прошетано долго време низ Центар, не знам ништо каде има, па затоа ќе ве прашам. Каде можам да најдам фармерки, и да не се прескапи пошто ми требаат 4-5 пара?
Може јас да одговорам, се надевам нема лутки Во Еко и во Елит претежно цените се 700 па докај 1300 Јас си купив пред 2 недели потемни фармерки за 800 од Елит и ептен ми се погодени Сега незз кој број носиш ама ако си ептен слаба имаш во Теранова, Калиопе, Њујоркер голем избор Сите бројчиња на фармерки таму се s i xs
Каде има вакви најобични џемперчиња со мали копчиња освен во Евроазија и цена ако знаете одприлика и што бои има?
А да прошеташ низ чаршија низ продавниците. Јес да најчесто се сатенски но се наоѓаат и други материјали. Има избор голем на фустани многу. Ламас е прескап исто со Нана претеризам. Според мене најдобра опција оди купи од женски пазар материјали и на шиење, купечките долги фустани се прилично скапи, да не речам прескапи.
Бев во Васидора (ама Охрид) и немаше од овие маички, само рамбовки (можеби ск има!) Преубави се, квалитетни, памучни! И тоа како вредат за парите! Колку сум видела од по 500-600 денари за нигде (мама нив цедалки ги викат)
Ако си дала 5600 за краток, влези си во Манго, секогаш има подолг свечен фустан, и за помалку од цената на краткиот може да најдеш. Ламас никогаш никому не би препорачала да купи било што, не знам шо гледаат жените во тој дуќан, треба да копаш за да најдеш нешто пристојно, остатокот е кич невиден, да не збориме за цените. 2 пати сум влегла, еднаш сама еднаш со другарка за матура да бара, и таа внатре да не речам и се развика, ама беше безобразна и и рече нешто во стилот, што си запнала со долгите хаљини да ги гледаш, гледај си нешто за твој џеб, скапи ти се тие. Ај шо се скапи, прегрди ми се. Мое мислење.
^ Има во ламас нешто кич ама се наоѓа и убаво.Може дека се пресветкави некои фустани па така ти се чини.Јас еднаш имам купено од таму ,за апсолвентска фустан.Преубав е ,едноставен.Нема кој не ми го бендиса.Плус продавачките беа ептен љубезни пошто имаше еден дел што ми висеше од една машна и им реков на продавачките дека ќе го однесам на шнајдерка тој дел да ми го исече,и они ми рекоа-па ако го носиш на поправка ќе ти одземеме 300ден од сумата на фустанот,така да минус триста ми искочи И јас мислам да си сошиеш долг фустан.Ќе те чини 2000,2500.Во матекс и во чаршијата има многу евтини материјали.Во манго нема избор на долги фустани ,дали 2,3. Јас сакам да знам дали може има нешто капути Знам дека не е сезона ама сакам сега да си купам црвен или бел ,пошто зимата ептен ќе ги качат цените
Епа така се погодило, ние налетавме на невoспитана внатре, со тебе биле љубезни, многу менува. А за вкусот тоа е, мене не ми се допаѓа, поедноставни нешта сакам. Манго го посочив пошто 5 и пол илјади за краток ми е многу, лично имам долг фустан од таму за речиси истата цена, значи може да се најде. Крај краева како си милува, шиење, купување...
Kade vo ohrid ima popusti, na garderoba I na stikli,potocno salonki so platforma [mod-kirilica:1uooran7][/mod-kirilica:1uooran7]