Попусти има сега во Август, и Фебруар во ГТЦ. Ке идам сеа да се издувам во Скопје , а за Солун(и таму има ептеен попусти во космос) ќе видеме. Поздравче
Дали знаете каде можам да најдам ваков модел на фустанче, да не биде со таква лента на половината, ама горе да биде на прерамки, а надоле како на сликата.
Ај ако некој од вас знае каде можам да најдам штикли повисоки ( од 8 цм па нагоре) ама само да се КАФЕАВИ. Јас цело Скопје го свртев и ми рекоа дека нема, а многу ми требаат. Фала однапред
баш денес видов во Трафик, кафеави како со ленти ислетени во баклава напред, кафеави. Сигурно беа високи 10 цм, а беа околу 1200 денари. Отиди таму, мислам дека ќе најдеш.
еј фино, можеби деновиве ќе прошетам. Не нудат нешто WOW, ама не губам ништо ако проверам. се поднови ли ти нешто?
А до кога се попустите бидејќи јас не сум од Ск,но сега на крајот од Август ќе идам за Ск..Прашав една другарка од Ск кога се попустите и таа ми рече во Септември..И ако можиш кажи ми дали има нешто облека на попуст ама фармерки,блузички ко за на училиште нешто есенско ?..
девојки ми треба итно пурпурнбо розеви,високи штикли ама не сандали.ако некој има видено во скопје,нека пише
Па и не се нешто,ама сепак секој со својот вкус,ја ќе си шијам според моја замисла фустанче Има и во Калиопе попуст до 70% и во Еуро Азиа,но само попуст Карши киното во ГТЦ има продавничка за сандали-штикли и римјанки по 390 и преубави се
мислам дека видов во џордан (спроти Тејли Вејл) такви пред некое време, многу високи беа и не беа скапи околу 1300, 1400 може сега се и помалку
да не има некој видено каде се продаваат бели струкирани кошулки со долги ракави (во Скопје) , но поголеми броеви ми требаат?
Не сум од Ск ама наскоро одам натаму , и би сакала да ве прашам кај можам да најдам убав корсет (црн или бел) за вечерни излегувања да си го носам , со цевка фармерки ?
да не те лажам , ама мислам дека видов еден само во TALLY WEIJL ,на други места не видов, не ни барав, ама ако прошеташ сигурно ќе налеташ на некој. побарај и во Evroazija, таму обично има триста чуда.