Жени, убава наметка за по дома? Секси, мека, елегантна - малку подебела. Гледав во Бонати, убави се меѓутоа за зимово тенки.
Не знам колку пари ти се даваат за гумени чизми, овие ги имам сретнато по интернетов. Мене ми се симпатични, не ми изгледаат за градинарски. Е и Hunter ама не знам каде можат да се најдат, порано имаше во офис шус сега немам видено.
Сакам сива широка маичка со куси ракави, со зелени букви. Нешто како 80s стил. Во Амбар има нешто најслично ама не е тоа тоа. Хелп.
Види во Pietro shoes во ГТЦ. Имам земено пред неколку години. Секоја сезона имаат модели за деца и за возрасни.
Девојки дали некој знае каде можам да го најдам Private Room од Jeanne Arthes, ми кажаа дека веќе не се произведувал, некој да не го има сретнато во скоро време? Или некој да знае сличен на него...