Каде можам да најдам НББ боди или друго боди само да е поквалитетно памучно, некаде во Битола или Охрид?
Каде купувате хеланки и горен дел за вежбање онлајн?. Со убав материјал да е, денес видов во Сара Фешн ама материјалот не беше убав, каде можам да нарачам? Ако имаш Сара Фешн таму барај, има обични, без чипка памучни, баш денес гледав.
https://www.instagram.com/ricci_sport.mk/ само доколку купуваш нешто имај обѕир дека треба да земеш еден број поголем, тесни им се моделите
Женски, каде да најдам вакви исти чизмички само да не е онлајн? Ги гледав на страната на Молини ама сакам да си пробам...
И јас гледав таму ама се мислев за бројче. Одговараат ли на нашите или подобро е да порачам поголем број?
Тие јас што ги нарачав беа стандард голема и баш добра ликра имаат, растегливи се а сепак на нога добро се прилепуваат. Spoiler Инаку јас носам с, м зависно модел ама дефинитивно и за поголем број би биле океј. Еве колку се растегнуваат
Знам дека прашањето не е за тука. Сакам да прашам каде може да најдам Mohito бутик во Скопје освен во ГТЦ и во новиот мол?
Нема друг, само тие 2 се, а тој во ГТЦ не е баш Мохито оригинален, туку различна роба носат, пребрана од Евроазија горе (почиста, поиспеглана...).
Јас купив од Персин 1400 беше. Не е лош засега, личи добар квалитет за цената. Не топли премногу да ве предупредам, ама за топлење јакна ми е мене замена. Има на фб ми излегуваат до 2000. Лани во Fiore во гтц имаше многу и евтини до кај 1000, ќе се најди нешто и сега можи.