Женски да ве прашам каде има убави, квалитетни и модерни машки каиши? А ако има и некој попуст моментално, уште поубаво... Тенк ју однапред
....Тренерки? Убави женски тренерки сакам.Не од Адидас,Најк,Пума и слично,имам такви неќам више. Кај има низ продавнициве добра тренерка?? Знам во ЊуЈоркер држеа тренерки,ама оддамна се сум била,видел некој?И дали се сипматични наравно ? Или било каде,кажувајте,без разлика на цена..
имаш во рамстор во обј и не се скапи а многу убави модели има.. не сум била сега ама мислам дека имаат убава машка роба!! пробај
Сте виделе некаде обично џемперче со копчиња, ама црвено? Поефтино нормално сега си кажав не им давам 1000че за џемперче. Немора да е којзнае колку дебело, само нека е црвено, со копчиња и да не ми се направи одма после првото перење онакво цело како со мали топченца одозгора ко да сум го носела 5 месеци.
Во Еуро-азија баш денес гледав, има и црни и виолетови. Јас ги гледав во Еуро-азија во Веро-центар, беа на тоа купот „Распродажба“ само не видов колку им беше цената, или видов ама не се сеќавам .
Бев во ОБЈ и стварно имаше два многу убави модели, ама нељубезноста на продавачките страшно ме одврати од таму, значи ременот беше 390, симнат од 1500, имаше уште 2 само и најљубезно прашувам што материјал се, а на декларацијата ништо не пишува(што инспекциски несмее да помине), и таа ми се понаша и ми вика: За 400 денари кожа да не сакаш да се? И си излегов, несакав да се расправам, ама си викам да и речев да ти викнам инспекција што немаш на декларацииве од што се па ќе видиш, мрсулка. П.С. Вистина ми е битно да е кожен... Некој друг да ми каже каде можам да најдам убав ремен и кожен?
Не знам дали постои уште, ама провери за секој случај има една продавница одма на влезот кај гтц кога идеш од Холидеј ин, отприлика до Рубин кармин.Има различни проиводи за кожа и каиши има сигурно
Девојки да ве прашам каде можам да најдам во скопје искинати фармерки.. или панталони со висок струк што се црвени или темно зелени..?? позз