Овие Бутик Биљана како селски пазар им е страната, на секој 10 минути пост ставаат, јас не успеав да се снајдам еднаш и баталив, ептен лош маркетинг тераат, направи еден каталог и стави производи, можеш и онлајн каталог да направиш, а не така, само турај, турај, турај, слики од облека..
Сепак е бутик не е Орифлеим и треба да се привлече клиентела. Не знам што е тоа толку важно,важно е дека нема да те зезнат и дека постојат како фирма. Долго се на пазарот и имаат два бутика.
Абе да, ама ако не можам да го најдам тоа што го барам кога ќе отидам на нивната страна одма, затоа што не им е се распределено по фолдери што каде има, онда губат потенцијален клиент така? А тоа за нив е минус, не за мене.
Да не сте го виделе некаде низ Ск по продавнициве мантилов, баш оваа боја? Сликава е од страната на Маст Хев кои мислам дека се во Велес и не ми се иде специјално а онлајн не ми се порачува пред да пробам.
https://www.fashiongroup.com.mk/fil...mbs_w/thumbs_800/27054038-99_w_800_1120px.jpg дали некој го има купено фустанот од манго ако знае да ми каже дали има голема разлика xs и s величина?