Здраво. Ве молам за мала помош. Барам вакви патики, не ми е битно да се пума туку моделот ми е битен. Дали сте виделе негде во скоро време? Или ако некоја членка има за продажба бр 40 слободно нека ми пише.
Јас имав вакви сребрени од Скечерс ама ова зборам од пред две години. Може да имаат модел пак штом пак се актуелни,баш провери.
Bellmondo, Step&Go (Бисер), Opposite Macedonia. Во втората и третата продавница имаат останати бројчиња на обувки од Белмондо по намалени цени.
Некоја онлајн страна што продаваат патики, нешто слично ко старки со пристојна цена? Бели, црни или сиви, такви барам за да се лесни за комбинирање со се. Само сандали и балетанки ми излегуваат по страниве, не сум видела патики. А, нејќам спортски имам такви туку нешто да е полесно за носење со секаква облека.
Не знам дали ќе ти биде од корист но баш преска во New Yorker гледав црни и бели старки, 999 ден. беа и стварно убаво изгледаа. Инаку, сум купила обувки од таму и да ти кажам не се покажале лошо како за цената.
Заборавив само да напоменам, во Сити Мол ги видов, ама веројатно би требало да ги има и на другите места.
Сте виделе негде вакви ниски ама црни? Или предлог за младалачки црни балетанки? Не мора сатен.Имам од Парфоа едни, ги скапав од носење, ама сакам уште едни.Ама избот слабо некако И кај има убави штикли до 8цм макс штикла?
стварно? а баш се преубави.. и мајка ми ми кажа дека се картон, добро ја за тие пари не очекувам кузнае каков квалитет. Ама ми треба нешто ниско