Зависи каков модел сакаш, свечен или покежуал? Зара имаше убави долги цветни, со лесен материјал што паѓа (не памук, не знам како се вика), по околу 3000. Мохито и Ресервед исто така видов елегантни. Е сега посвечени со шљокици, циркони видов во Енџел, ама според мене многу кич модели што мислам само бугарките ги носат. Ламас има преубави ама над 150, 200 евра. Бутик Ив и Инфинити исто така многу Јелена Карлеуша стил според мене, ама ѕирни ги, од 2000 до 4000 мислам дека им беа.
Здраво Каде да најдам вакви фармерки низ Скопје? Секаде каде што гледав повеќето модели почнуваат да се широки од над колена, но сакам да се тесни до колена и надолу широки?
Здравоо. Од каде можам да најдам здолни маички еднобојни што не се пуфкаат и се квалитетни а не прескапи?
Во Сара фешн ама од тие што има само црни и бели, на тенки прерамни. Изгледаат најобично, без чипка и шара, но најквалитетни ми се покажаа.