Еднобојни маички на кратки каде има? Бела, црна, такви барам. Вчера низ мол само видов блузи со принтови и шари, а такви не најдов. Уствари најдов во една продавница ама беа ептен крш материјал, а цената беше висока за таков материјал, никаков и тенок...
Знаете ли некоја продавница во Скопје каде што изнајмуваат свечени фустани? Ламас, Нана или некој друг бутик? Ми требаат фустани за неколку свадби па не ми се фрлаат пари за нешто што нема да го износам
Покрај Ваикики и Њу Јоркер, Котон и Бершка јас имам земено еднобојни супер се покажале, со цена соодветна
Каде можам да купам фустан за на свадба, а да не е Енџел? Многу ми се "демоде" и што би рекол Сергеј Хурем султански. До 3000 ден, така што Ламас отпаѓа.
Каде да најдам вакви, но да го има бројот 36. Прашав во Молини и уште некои страни, но никаде го нема мојот број.
Не би ти препорачала да купуваш обувки онлајн. И јас носам 36, порачав патики од Молини, ми стигнаа огромни како за 38ца. Не ми се верни многу, најдобро е прво да си пробаш.