Јас си земав таква само кафена , а имаше и крем во Матекс во кисела вода за 250 денари , пред 3 недели. Провери сигурно има !
Во Стружанка има македонски производи ,а и голем избор на разни мак.производители. Инаку Вини-текс мислам дека има и во Буњаковец трговскиот.Инаку и на пазарите особено на Буњаковец можеш да најдеш убав долен веш од мак.производители . п.с. извини за хаотичноста на постов
Девојки а да ве прашам, кај да си најдам убави ташни онакви големи, црна и бела, да не се скапи, како за на факс, ама убави сакам да се...
Да ве прашам дали сте виделе штикли (сандали или затворени) светло сиви некаде низ Скопјево? Треба да си купам до петок за на свадба имам светло розево фустанче со сребрени циркончиња одпозади ама не сакам сребрени штикли да купам зашто ќе мора да ги носам само за свадба и евентуално само за нова год. Или пак некои сребрени ама не многу накитени, до 1500 денари не многу скапи?
Јас користам долен веш од Тритекс го има во продавниците на Стружанка .Ги користам долго време и многу сум задоволна
Лавлајф, јас си купив таква од еден бутик во ГТЦ (името му е на Ф, не ми текнува сега како беше точно) приземје. Еден бутик каде нон-стоп пишува дека има попуст, имаат и машка и женска роба.
на кој спрат е продавницата знаеш?или до која продавница ?зашто бев во New Yorker И ништо не си најдов а очајно сакам
Производи од Вини -текс има кај зелено пазарче во тие продавничињата ( не го знам името ) и во Фемили шоп исто така
феминки ај некоја ако може нека ми пише во лп каде скоро имате видено тексас кошулка и цена по можност.фалаа
Денес бев до шутка имаше иста ваква крем..мн убав беше моделот баш ми се свиѓаше 600 денари беше баш прашав Ќе си речеш шутка али боље купи 3 поевтини отколку 1 скапа 2 000 негде па да скапеш во неа..
Element ме изнасмеа...не дека немаш право али..хахаха незнам бе луѓе ем иам желба ем жива мрза сум да идам да барам...а Многу ми праи кејф Знаете плус за роденден и коа сте нешто уфилмани у тоа главата-.-" А и тоа циганите неможам да ги трпам...али незнам...можда и ќе идам да ѕирнам
Може сум надвор од темава, не се работи за облека ама дека оваа е најактивна тема па да ми помогне некој....Го барам депилаторов, каде низ Скопје можам да го најдам и по кој цена? видов во една тема феминки некои го имаат
Во техномаркет има на оваа фирма од 1299 па нагоре, немаат на сите слики ( на нет но оди до најблискиот салон )па сигурно ќе најдеш http://www.technomarket.com.mk/products2.php?page=1&klasaswe=007&grupaswe=021
Иди до Америка таму сигурно ќе ги најдеш (и така не ти е битно местото) Не, се шалам Во New Yorker мислам дека има вакви или слични, не ме фаќај за збор не сум сигурна
Јас вакви нешто си купив само не со полна штикла, од Бугарија поточно од Благоевград. А тука не сум ги сретнала никаде.
Слични, ептен слични имаше во еуро азија. Јас ги гледав во таа што е во сити галери, провери може уште има, јас ги видов завчера.