Предложете страна на Инстаграм каде би можела да најдам вакви овални наочари. Однапред фала на сите одговори
Сакав некое летно шарено ланче со монистра, па отидов во Дуки Дасо со надеж дека таму ќе најдам некое + со пристапна цена. Кога, што да видам. За обично ланченце со еден ред нанижани монистра 490 ден?! Искрено, забегале… Жал ми е што не ми текна на време да си нарачам од алиекспрес. Да не должам, каде има таков вид на ланчиња со некоја понормална цена? Можеби Битпазар ( не сум била таму со години…)?
Катастрофа се, јас па и поклон земав за внука ми, ѝ прави црвенило на вратот Веќе не влегувам таму, ај што е скапо, ништо не е квалитетно одамна.
Дали има попусти по продавниците во East Gate? Се спремам за на одмор, ми требаат купачи, пешкири за на плажа и такви некои тракатанци. Се наоѓа ли нешто поевтино? Да не идам од Куманово џабе