Кај има најобичен едноделен купаќ, без додатоци и украси на него? Нешто вака: Или дводелен со висок струк долен дел?
Може по пазарчињата, вака од продавници можеш Sinsay таму има и попуст, а и работите им се со пристапни цени, Котон некогаш може да се најде поевтино.
Јас порачав еднаш и дури после 20 дена ми се јавија од карго за достава иако пишува од 7 до 12 дена. Не го подигнав, бидејќи 2 мејла им пишав дали ќе стигне, ми беше порачано за пригода и немав одговор, после пригодата ми јавија за достава и им реков да го вратат...
Гледам дека некој веќе спомнал, потврдувам дека вчера ги гледав во Sinsay, пристојни им беа цените. Не знам точно колку ама ете 150 до 200 да беа, ништо повеќе.
Во Зара има во повеќе бои. Нова колекција се околу 1300-1600 денари, но може и на попуст да начекаш некоја. Имам три од таму, супер ми се. Ако сакаш подебел лен види и во Масимо, може има некоја и на попуст (Ист Гејт има повеќе избор останато).
Здраво Дали некој има нарачувано од официјалните страни на Zara,Bershka...и дали воопшто може да се нарачува,ако да колку се плаќа поштарина?
Од Зара може да се нарача. Поштарина е 250 денари и се плаќа до сума од 2600 и за производи што се на попуст, а над 2600 е бесплатна. А од Бершка дали се нарачува не сум сигурна, ама мислам дека не, немам нарачувано.
Сандали на штикла до кај 8-9цм на врзување во дречави бои каде да најдам? Онлајн знам дека има ама не ми се ризикува. Во Зара, Бершка, Страдивариус бев пробував но ради sale деновите се е хаос..бројчиња нема, сам треба да бараш по дуќаните и се е расфрлано, дел од нив се оштетени итн итн.