Вака нешто рамни сандали моделчиња да сте виделе негде? На онлајн страниве не можам да најдам некои убави од тоа што разгледав, а и претежно на штикла им се, сакам вака баш рамни да се.
Океј им се фустаните во однос на материјал? Сега отворив и гледам фустани што барем во 5 бутици ги продаваат над 3000 денари, тука истите модели се за 1000 денари.
Јас имам купено неколку фустани од таму, сите ми се океј. Додуша не ми се многу носени зошто се посвечени за свадба или некои посебни настани што сум ги купувала ама вака убави се.
Здраво да не знаете каде можам да најдам ваков вид на облека но да е од Македонија или соседните држави што вршат достава
Не сум 100% сигурна дали може и онлајн од Bershka да се порача. Другарка си купи претходна недела баш вакви многу слични карго панталони маслинеста боја.