Уште едно прашање кој знае можеби од некоја продавница ваква ташничка слична (во Мона ми е прескапа) ) :
Carpisa имаат добри попусти во Рамстор. Исто во Parfois често си наоѓам убави модели. Marabela имаат интересни но според мене некако се преценуваат. Ако си во можност да издвоиш повеќе пари, Мона се прекрасни и со одличен квалитет. Не би било лошо да се прошеташ и низ Ист Гејт, во Мохито и Синсеј има убавки чанти по поволни цени.
Carpisa, Parfois, Дуки Дасо, порано и во Теранова имав малечки ташни убави купувано, сега одамна не сум проверила што како имаат, не ми се успат, но ми се погодени, со години ги носам од Теранова тие. Кога има попусти низ моловите сегде може низ продавничките да се најдат по ептен океј цени ташни. Во Sinsay ги гледав и јас ама многу моделите не ми се допаднаа, не ми требаше баш нешто такво во моментот, а евтини беа.
феминки била ли некоја сега во скоро време на бит пазар кај бижутеријата да каже дали има избор на обетки големи