Значи буквално дојдов за истото прашање. Денес се пукнав од одење по продавници цел citymall и цел гтц превртев. Цмал ужасно, само шерени, вреќи, дречави, долги фустани. Цтц застанале во времето шљокици, циркони. Еден ми со допадна во еден бутик на 3ти кат ама 5.300 е не давам толку за обично фустанче. Сега се вратив дома мртва, и изреволтирана. Свадбата е во сабота јас ништо немам на ум
Доколку не ви е проблем и тебе и на членката под твоето мислење, порачувањето од интернет, јас сум многу задоволна од страната azelea.mk на инстаграм. Имаат гоооооолем избор на секаков вид на да речам пообични но елегантни фустани.
Па мислам дека да. Навистина имаат добар избор и цените се одлични, до кај 1500 денари му се производите. Се надевам ќе ви дозволат и замена и ќе направат да стаса секако до петок. Вакви се од прилика но има и долги и широки секакви.
Кај да најдам убав градник, по можност триаголнест, без жици, без никакви чипки, апликации, а да е Б корпа? Во Лиска нема оваа сезона, порано знам имаше баш такви.
Не знаев каде да прашам ама случајно наидов на оглас за работа за Shein. Ќе отвараат тука или ќе праат нарачки само не разбирам? https://kariera.mk/company/24T_P1pHpEuLJ63Zx7zhIQ/shein