Mи треба мантилче некое шушкаво, знаете за периодов, но да биде околу 1000 чак ако може и поевтино, зошто се што видов беше 1500/800/900, дека нели сега е сезоната на истите.
Јас повторно, сеуште не сум купила каиш за дечко ми за роденден, меѓутоа ме интересира дали некоја од вас знае нешто за продавници аутлет или каде што се поефтини производите на следниве марки: Lacoste, Tommy Hilfiger, Gant.... Ве молам помагајте многу ми е битно... стварно сакам да биде прекрасен каишот што ќе му го купам... заслужил
Ти пишав претходниот пат за продавницата карши Мотиви незнам дали си прочитала, има убави каиши, над 1000 денари се. А од овие брендовиве има една карши Веро во ГТЦ. Не е аутлет, такво нешто кај нас не наоѓаш. Мислам, ќе најдеш аутлет ама по високи цени како нови
Да знам на која мислиш на Макпримат, тоа ми е задња шанса, ама сакав и марка да се... Ах многу сакам кутра јас... Карши верото мислиш на тоа во подрум??? Баш ќе прошетам да видам, не сум видела натака, фала ти...
каде низ скопјево има убави женски кошули струкирани ама така помладалачки да не биде ептен класика кошула????
Не сум чула за такви аутлети,а и ако има сигурно нема да биде со цена како за аутлет-како што е примерот со странство За Бициани знам дека имаш во Лисиче такво некое продавниче ама незнам колку им се каишите.А зошто да не земеш од Макпримат?Кожни се и многу издржливи,дечко ми одтаму купува само.Башка можеш и со убав новчаник да искомплетираш,мислам имаа такво нешто.Исто имаш и во трговски во продавниците за кожни работи.
Видов такви во калиопе, ама не беа скрос обични имаа горе од едната страна како 2 машнички во секој случај слатки беа, за цена не се сеќавам баш набрзина ги ѕирнав ама над 1000 беа сигурно.
Ќе ти кажам точно, затоа што јас вчера бев по потрага и си купив. Имаш во Elitte скоро на секој тезга освен на тие со вечерни тоалети (кич!) нема баш, се движат од 500-600/50.
Од 500 денари до 10 илјади денари има патики. Сериозно. Не стварно прашувате преопшти прашања на моменти. Патика имаш секаква од брендовска, небрендовска, јас последни купив платнени патики за 450 денари цело лето ги носев и тоа е патика. Некој патика само смета адидас и најк да речеме. Прашувајте конкретно за модел или со слика да ви се помогне, вака го мрзи човек на преопшти прашања да одговара. Иначе џемпери има од Еко елит до Њујоркер Пикок Теранова Мотиви, цени од 500 до 2000...
Viiiiiiiiiiiiiiip за да биде каишот прекрасен не значи дека треба да е 4.000 денари или повеќе. Преубави машки, кожни каиши има во Мона, Мак Примат... со тоа што во Мона се околу 1500, Мак Примат 700-800. Јас на твое место како што ти предложија би му купила новчаник и каиш. Ако се решиш на вторава варијанта тогаш поубави новчаници имаат во Мона од 1200 до 1600 така нешто мислам. Ако веќе сакаш да биде ептен маркирано и скапо, тогаш оди во Пјер Карден (мислам дека така се викаше продавницата, или па само има производи на тој бренд не знам, битно гледа према Жена Парк, до Пума мислам дека е) таму новчаник (ништо посебно) беше 2500, исто и каиш отприлика 2500-3000 ден.
Ако ти е толку важно да е скап, оди во American fashion во Аеродром, спроти Бисер трговскиот, на спрат (веднаш пред поликлиника Тоспаш) е таму имаше марка и беа (мислам) 4600 ден. Па раскажи што си направила
Новчаник му имам купено пред 2 години и нема смисла да се повторувам ќе му купам уште нешто поврзано со неговото занимање, а за каишиве дознав кај има аутлет на овие продавници, ама незнам кај се наогаа сеа таа улица васил главинов ама ќе ја најдам, во секој случај фала на советите... На интернет пишува дека 70% пониски се цените во аутлетов од нормалниве продавници па да се надеваме... Сепак каишот не е нешто што губи од мода, посебно што сакам сосема класичен кафен, без селски огромни токи пошто дечко ми околу врат ќе ми го врзе и ќе ме обеси со него... Ќе ви кажам што сум направила... http://www.magnetik.com.mk/ Линк ако му притреба на некого нешто.... Се надевам на пристојни цени како за аутлет... П.С. Да не го посетил некој до сега???
Феминки дали некаде сте виделе гумени чизми на мала штикла или пак рамни и по која цена ???? За во Скопје прашувам