Јас купив вакви од Reserved, ги имаше и на темно кафено и црни. Ама тоа беше пред скоро месец дена, сега не знам дали би ги имало. Сериозно уште има луѓе што купуваат од Сарита? Нели гледате дека 90% од тие што нарачале се зезнати? Има страница на фб, Ѕид на Измами и Прашања за Искуства од Онлајн Продавници и Сл пребарај на лупата што се има за нив, па после размислувај дали да ги нарачаш..
Да, многу ги критикуваат, а незнам од кај тоа? Многу пати имам нарачано од нив, коректни биле. Исто и другарки нарачуваат.
епа така се потрефило јас да сум, не би ризикувала да ме зезнат. Подобро ќе пешачам низ Ист Гејт 3 саати и ќе си барам нешто слично отколку да ги преплатам после 2 пати.. Just sayin
Не знам што салоните купуваат не се шминкам таму ама мислам, барем по слики што гледам дека најниско буџетна марка им е ревлон за шминкање ама ако поефтино сакаш можеш на Есенс да земеш, ги имаш во повеќе продавници а ги има и во Кит Го маркети ако имаш во близина. Јас од поефтини со овие би се шминкала. Оние другите марка што се на Мас и на Есте Лаудер се многу поскапи едино на Ревлон околу 1000 денари е пудрата.
Си го изнаносев еден дуксер што го имам од таму земено, мек материјал и комотен е ептен. И тренерки кога им гледав убави личеа, само не сум купила.
Тие што шминкаат професионално купуваат од Анабела, MAC...но имаат картичка за попуст 20-30% Најдобро ти е да прашаш кај нив да ти издадат картичка или во Кико Милано да начекаш добар попуст.
Ја има, денес бев има 2,3 останати XL и М, мене голема ми е, и црна има, од неа имаше повеќе останато. 3290 ден е
На инстаграм ако разгледаш што има на работните површини на различни шминкери ќе забележиш различни производи, со различен ценовен ранг. Како попристапни пудри кои и јас ги користам за шминкање на други луѓе се bell nude & moist и full cover. Коректори гледам дека најчесто се користи кажуфлажот на Катрис или некој од maybelline. Кармини кои се вртат се од Голден Роуз, maybelline, аура... Моливи за усни бруклин, импала па нагоре. Да не должам, што тебе ти се допаѓа и си забележала дека добро се носи користи си или купи во повеќе нијанси. Ако ти треба дополнително помош пиши ми порака
My moda преку камени мост накај чаршија. Фармерки не знам еднаш имам купено од таму не се нешто квалитетни.