Од каде можам да си купам квалитетен капут што навистина ќе вреди за цената? Ве молам без препораки на продавници од Индиктекс, сум имала и тотално сум разочарана. Може да е и некоја конфекција од тие што шијат за странски брендови.
Имаат поефтини затоа што за ништо не ги бива. Земавме три другарки по една демек попуст ќе имаме уште повеќе за на крајот сите имаме по првото носење проблем. На која и излезе рачка, на која ташната веќе беше погрешно дошиена, на која изгребана. Не убаво, во секој случај, јас не ти препорачувам. За Никелсите има многу негативни критики во последно време на фејсбук страницата за оштетени потрошувачи, внимавај
Кратко фустанче со пуф големи ракави? Не видов на сајтовите на зара и компанија Во ГТЦ до комодита има еден пролаз и таму има мала продавничка што шие за странски брендови. Купив капут преубав од таму за 3000 денари и после го најдов германскиот сајт кај што се продаваше за 350 евра. Не сум била после ковидов, се надевам дека уште работат.
Девојчиња каде низ Скопјево или онлајн може да најдам убави комплети миди сукњичка со палто (сако). До кај 2500 ден?
Окитекс имаат фини капути. Не знам какви модели имаат оваа година, ама пред 2 години имаа и класични и помодерни. А и цените им се ок.
Имаа кај паблик рум, ама во септември објавија дека ќе реновираат и од тогаш нема никаква објава. Евентуално да им пишеш на фб дали почнале да работат
Сукња миди должина, кожна уз тело? Ми се чини во Синсеј имаше лани, оваа година не можам да најдам никаде ..
Блиц прашање, колку е периодот зa враќање во new yorker? И дали заменуваат/враќаат ако е за ден два +?
Мислиш на една продавничка од лево во пролазчето, на ФБ беше „Конфекција по фабрички цени“ или така нешто, спроти продавницата за чевли на Bellmondo. Двете се сега затворени.
Нема таква сите се над 10л шала... ама и мене ме интересира сите се со цени до небо како бог знае што да купуваш