Ме интересира каде низ Скопјево, каде дојде есенската колекција можам да си најдам поефтини, ама квалитетни чизми до коленици без штикла???
баш денес шетав и не видов ништо посебно низ градов... би требало во октомври да пристигне есенската колекција кај нас...нели сепак сме државата од 3-тиот свет.
^ Да,ама иако пристигнат,почеток на сезона се дигнати цените.Јас лани купив чизми ниски,над колено и мн се убав модел,одев по улица и ми ги загледуваше ај не секоја,ама секоја 2ра,а ги купив 2000.Ми се скинаа 2 пати и тоа е ок,ама кога ги видов во јануари за 600 денари,ке заколев некој
Да не знае некоја од вас некаде каде што продаваат Битциани, ама онака по дома, што набавуваат од Грчка, јас знаев на едно место во Лисиче, каишите биде од 600-1200, ама немал избор моментално, само црвени, зелени и слично, ај ве молам ако знае некој нека ми пише каде што? Ич немам ксмет за каишов на дечко ми ќе си пукнам...
сакам да прашам дали некој знае во продавницата во салата Борис Трајковски дали има попуст и која цена се патиките..фала многу
Зависи од фирма.Лакост се на пример по 3500, од другите се наоѓаат и по 2000 и нешто.Ама изборот е многу слаб.
^^ ау да има вакви низ повеќе дуќани во ГТЦ. црни, кремави, шарени, секакви, битно тој модел. ја цената не знам зашто искрено не ме влечеле па да прашувам. иди види разгледај си 100% ќе најдеш
Пцујте ме, блокирајте ме ама јас морам да си кажам. Моја лична претпоставка, иако сум од Скопје е дека чевли на штикла во Битола има во секоја продавница за чевли!!!!! Сериозно луѓе што е со прашањава???? Следно што ќе видам ќе биде Каде можам леб да си купам, па и на попуст да биде???
Ајде да ве прашам.. низ Скопјево каде можам да најдам Ugg boots по најниска цена што може? Spoiler Исто така вакви да не знае некој каде има? Имам видено како ги носат и кај нас.
^^ Лани ги имаше за 400 денари по продавниците. Знам дека гледав во Бисер. Рано е, ама мислам дека и годинава ќе бидат многу ефтини.
Зависи дали сакаш оригинал, ако сакаш оригинал ке мора да се олесниш за повеќе од 200 евра а ако сакаш обични ги имаш сегде теранова, калиопе (тука знам дека има секоја зима со години веќе), имаш по обичните продавнички. Дури лани во евроазија имаше по 2000-3000 денари UGG чизми кои претпоставувам дека беа со грешка нешто. Јас купив два пара за 6000 ги изнаносев и топлат многу повеќе од обичните а и нема шанси да се приметат дека не се оригинал и кратки и долги и плетени во сите можни би ги имаше...
Во случај некој да лута по машки каиш, или понатаму да му треба, да ви одговорам дека купив денес од Макпримат за 1000ка со 2 лица(кафен и црн, истиот во Беатина 1500) прекрасен е младалачки, кожа ама сјае... Бев во тоа магнетик, и кај ли уште не и знаете што имаше???? НИШТО. Флоросцентни каиши... гадно, мн ми се свиѓа каишов заљубена сум, па ако ви треба некогаш каиш убав машки не мислете ни минутка директно Макпримат, спроти Мотиви во Гтц....
Баш денес во Бисер, во она Александар спроти коле видов исти, на крем, на црно на секаква боја, 1550 беа...
Очила како на црнчугава? А дека има еден мал милион очила во спотот, ќе потенцирам, на 25 секунда. http://www.youtube.com/watch?v=AaXaig_4 ... re=related