Тритекс имаат со дебели прерамки. Од кимико имам земено од продавница со тенки прерамки, ама сигурно може и од фб, имам така порачувано маици.
Пижами со нормална цена? Не се нормални со цениве 1000-1500+ за пижами, за обични пижами за спиење што не се ни памучни, туку имале и полиестер. Гледав таму каде што има опција за достапни онлајн да видиш цени и претерале. Сара фешн видов нешто поевтини околу 800, но имам од таму и многу тенки ми се, неквалитетни, лошо потат. Сакам памучни 100% и да се убави. Стружанка можеби само вреди да дадеш толку пари, за добра пижама. Не сум при пари баш за да фрлам толку на пижами.
Деновиве и јас сум во потрага во пижами, ама цените тие се од 1.500 до 2.000 во Тач. Бонати се уште поскапи. Што е многу, многу е. И јас се мислам од каде да земам.
Во Бонати се на попуст сега и пак се по 1500, а не се ни памучни целосно. Утре сабајле дека за таква пижама ќе им дадам толкава сума пари.
Каде да најдам вакви обетки, по можност онлајн што вршат достава, бидејќи во мојот град има само 2/3 продавници за бижутерија?
Јас од Сарита ги порачав, со бројчиња точни и ги нема да мрднат после неколку перења веќе Инаку, имаш и на страната на бутик Батерфлај Куманово.