Нонстоп е таму од сабајле, ќе го видиш точно пред фемили шоп, не е продавница туку на улица ги продава
A кажи ми во фемили шоп што се продава каква продавница е тоа? знам малце глупаво прашањето е ама незнам стварно
Врска неам никогаш немам влезено, ама има свашта, облека, чевли.... ама за постари мислам дека... не сум сигурна
Ете да ве поштедам,да не одите за џабе,има крш патики-оние 38,39 јас што гледав од 2300 до 3600 се движат,но избор никаков,забегани модели Џабе се метлачев
Утре одам во Скопје да си купам есенска облека претежно, блузички, џемперчиња, пантолони.. Упатете ме некаде (не ми кажувајте само Теранова и Еврооазија зошто секако се неизбежни)
Прашувам за во Скопје. Ми треба кратко зимско капутче да не биде едноставно, но не и претеран некој модел туку онака по можност со копчиња, и некоја зимска јакна што топли, не од тенките скај-есенски, и да е притеснета за тело нешто вака:
^Хм, мислам дека видов вакви слични капутчиња во Евроазија во Рамстор, баш ми беа слатки и мислам дека беа ефтини зашто најголем дел од робата им беше преефтина, дури ме зачуди.
Каде да си купам кремасти оксфортки, ама ниски нејќум на штикла ми требаат за на факултет за периодов. И одприлика која цена се?
мислам дека во New Yorker во веро,можеш да најдеш,ама само мислам,не ме држи за збор ,мислам дека имам гледано таму нешто такво
Девојки помош каде да најдам сако или некое палтенце(само не спортско) со ракави до лакти гледав низ градов,но се со долги.
Во Теранова пред 3 недели видов вакво, незнам дали има уште. Некоја нежна розева боја, полнето, ама и цената ко за квалитетот на теранова беше бааги солена