Вакви,само црвени.Во женскиот дел не сум ги сретнала црвените,а во машкиот да,само сега не можам да ги барам. @bisex55
Девојки каде можам да си најдам нешто елегантно да облечам, некој фустан или слично за свршувачка? Препорачајте некој бутик или пак некоја онлајн продавница
Во тц Бисер. Звучи чудно, но често наоѓам таму за слични прилики. Или во ГТЦ на најгорниот кат има две продавници со посвечени фустани а со пристапни цени.
Има некој купено од mymoda пантолони? Како сте задоволни и како одат бројките, поголеми или помали од нормалните?
Јас имам кратки панталончиња само. S величина зедов и малку ми се кнап во струкот. Следен пат ако купам панталони откај нив, дефинитивно би пробала и не би нарачала онлајн.
Јас имав земено тренерки 3 пара, сите 3 беа како различен број, или преголеми, или претесни. И квалитетот не ме бендиса ич.
Здраво, каде би можела да најдам вакви или слични онлине да бидат од Мк или др држава што вршат достава за најмногу 10 дена