Каде низ Ск. да купам блуза со пердувчиња на ракавите? Само не ми го препорачувајте Њу Јоркер, ги гледав таму, кратки се, пердувите се ептен ретки и искрено не вредат за парите.
Деновиве имало големи попусти во Њѕ Јоркер, беше некој, си најде нешто? Слушнав и по 200-300 денари имало парчиња.
Сакам црна кожна јакна да си купам во следниот период. Минатата година гледав убави модели на такви јакни во Зара и Њујоркер. Дали имате од таму земено црна кожна јакна и како сте задоволни? Или може и некое друго место ако ми препорачате?
Јас имам од Страдивариус, година дена дали ја имам и целата се излупи по рабови на ракавите. И од Њујоркер имам земено, таа неколку години ја имам и како нова е, по квалитет подобра ми се покажа
Многу ги сакам тие light и dark academia стилови и сакам да почнам да купувам такви outfits. Исто сакам да купам и некоја слична ташна на оваа, за лаптоп, книги итн. Ја видов на страница на една германска фирма ама многу е скапо за достава до овде. Има некаде во Македонија каде можам да најдам убави и трајни, кожени ташни во овој стил?
Здраво феминки, доколку знаете од каде можам да нарачам добри корсети? Ќе ви бидам многу благодарна♥️