Здраво, каде би можела да си купам темнозелени штикли (не многу високи и да не се со претеран шпиц)? Фала
Девојки, светло сини пантолони дали имате видено некаде? Моделот и не ми е до толку важен колку бојата
Во Зара има скоро па исти како овие од сликата, немаат копче напред само. Баш викендов ги пробував, ама нешто се премислив и ми останаа зачувани на апликацијата. Ѕирни ги ако сакаш - 3736/246 е шифрата.
Ќе одам викендов во Прилеп по свечена облека за свадби (фустани, пантолони,кошули), па ако може да ми предложите бутици.. Фала! Прашај овде: https://instagram.com/oneclassymissy?igshid=YmMyMTA2M2Y= Има во дуки дасо
Девојки, дајте ми инстаграм профили од венчаници кои се продаваат готови, исто и за украсување и покани.
Еленалука имаат готови, а може и на истите тие да ти направат мали корекции по желба за брз период. Се разбира дека прават и по желба, но со закажување. Но имаат стварно добри дизајни и верувам дека сигурно ќе ти се допадне нешто.
Сега баш видов дека во преплет ќе има,а вообичаено секоја година има во моловите од штандови од волонтери од црвен крст. https://www.facebook.com/prepletstu...iwj2VVTJUNGhMZWcerFnUGD8XqiiXTFknMAgxw2HRQL3l