Имаш на зелено многу убави памучни,ама стварно убав памук,1300 или 1500 комплет.Толку се и во Шутка не оди џабе
Па нешто узпат зирнав на зелено ама немав време да пробувам. Ама цените беа тие 1300-1500 па се прашував баш дали вреди да се акам до Шутка да губам време и да тепам пат. Ако е така, не одам ич, ќе си одам на зелено.
^Girl1985 не се бапски, баш се убави, долниот дел е со прави ногавици и не се прават колена, а горниот дел со патент, ни припиен ни многу широк, без џиџи-миџи по нив.
Јас имам тренерки од Стружанка и навистина се многу убави. Јас лани ги зедов 1200 или 1500 не знам точно бидејки му земав и на сопругот исто се многу убави. Коленици не оставаат што е најважно.
Гирл,јас би ти ги препорачала за тренерки Кимико ,барем спрема мене се подобри од Стружанка.Во стружанка ти с е тука околу 1500,а инаку мене не ми се погодија се растргнаа ко торба ми станаа.За разлика од нив,од Кимико ги зедов 1800,скроз црни ги утепав носејќи по дома,2 години дури сега почнале да побледуваат.Разгледај ако те носи пат во Лептокарија едно до друго се,па ќе си видиш и процениш
И јас си земав од Стружанка, на MBI fashion се, струмичка фирма. Црни земав, мазни се со дискретна апликација на долниот и горниот дел која скоро и да не се познава. Многу се елегантни. 1500 ги земав, а сега кога гледам дека имало и машки, криво ми е дека не прашав, би му земала и на сопругот!
Во Стружанка, Кимико, Виница текст, имаат многу убав квалитет и ефтини се премногу, за пижами, тренерки, во стружанка хеланки се 200 денари, а душа им вадам уште, за деца ма за се, во последно време кај и да треба да одам на гости а сакам да купам нешто таму одам, се има и барем знаеш дека ќе однесеш квалитет, а ќе го платиш багатела.... За истите пари значи ќе купите од битпазар, зелен пазар и слично произведено од Кина, којзнае какво а ова е наше и има квалитет, вистина воопшто не си го цениме нашето, дури и она што е квалитетно и се...Јас од виница текст пред 1 месец си купив преубави пижами неможам да излезам од нив, цена 600 денари... Дечко ми дојде ненајавен јас у пижами и ми вика лелеее ти во тренерки, па нели не носиш тренерки, епа зошто се пижами... Пред да купите било што и да ви затреба така памучно, за било која возраст, прво поминете во овие продавници ќе се изненадите
бил ли некој во Бортис Трајковски во аут лет има ли машки тренерки на попуст?? и која цена се? ај ве молам за одговор ако знае некој, итно ми треба!
Вчера бев во New Yorker, стигната им е новата роба така да нема ништо на попуст! Дури и најобична маичка по кратки ракави им е над 400 ден. Има само за 199 ден. некои обични еднобојни маички по кратки, но сепак, се заладува а тоа не ни е потребнно! Мој совет ти е да одиш горе во Еко Шопинг или Елит и од таму да си купуваш есенски-зимски работи, затоа што во другите продавници се е ептен скапо!
Дечки, ми треба одговор во најкраток можен рок! Ако некој бил во New Yorker деновиве да ми каже колку беа оние чизмичките, што не се на штикла, и што беа до глуждот. Јас баш вчера бев , но ја заборавив цената. Не сум сигурна дали беа 1,200 или 1,900 оти гледав такви слични и во ЕуроАзија!