Сум земала и од Ваикики, порано беа по смешни 199ден Секоја сезона ги имаат ама лани беа нешто поскапи
Здраво девојки, дали знаете случајно некое ателје или слично што изработуваат matching outfits за мајка и ќерка?
Искуства со Biana Shoes од Куманово ? дали цените на моделите им се поефтини во Куманово во фабриката и дуќанот во Куманово инаку проверен квалитет , или пак се исти со цените во Скопје ова важи за женски модели сеа што ги објавија пролет колекција за сестра ми прашувам. и исто така дали знаете дали прават по нарачка машки модели благодарам .
Прашав и на инста ама ај и тука. Дали некаде сте виделе било што со lemon print, фустан, маици, кошули, кроп топ, било што? Лани имаше во Котон, годинава нема. Можеби во некоја онлајн продавница, не ги пратим нив баш? Хелп.
Здраво, Дали имате видено негде сега во последно време пантолони од оние светликавите, пред нова година нон стоп ми излегуваа сега нема никаде. Еден комбилизон видов кој ми се допадна за да го носам за крштевка ама пола плата чини
Мислење за долната облека од Lisca? Дали се квалитетни? Плус дали некоја феминка била во Lisca скоро има ли избор на бразилијана гаќички?
@ivanamackica Мене лично, Lisca ми е број 1 по квалитет. Не ми се споредува со другите. Значи некои работи со години ги имам и на толку носење и перење ми се како нови. Инаку, имаат онлајн каталог и може да се порача онлајн. Доставата е бесплатна за секоја сметка над 2500 денари. Во однос на бразилски гаќички, еве што имаат моментално: https://www.lisca.mk/cute-brazil-gakicki-0624825r.html https://www.lisca.mk/brazilke-venus-01234202.html Еве линк за сите преостанати, имаат убави модели. А и има сега и попусти до 18ти https://www.lisca.mk/zeni/dolna-obleka/gakicki.html?p=2