Ми одговара таа најмногу на Бершка, но не сум порачувала до сега. Пробав на страната да порачам не знам дали точно правам, кога селектирам величина што ми одговара ми дава дека ја нема во мојот регион, пробав со сите величини ни една ја нема, најверојатно не знам како да порачам.
@Amelia Јас не знам колку и дали Бершка функционира кај нас онлајн Некој ако порачувал, може да сподели повеќе мислење. По другите држави сите мислам имаат онлајн, а кај нас од тој тип, освен Зара, другите мислам не. Манго и Спрингфилд само одредени парчиња можат преку Фешн Груп.
@Amelia Ми излегоа овие на Инста сега, може да се порачува. Па може да си видиш, доколку ти се допаѓаат
@MandyLane Ми излегоа на Инста, па ми текна на тебе. Ако се уште бараш и ти се допаѓаат, може да им пишеш, да си провериш
@Amelia Ако имаш некоја другарка или роднина по Скопје, која би ти излегла во пресрет, па така некако да нарачаш? Или пак некој ако знаеш што сега во скоро би идел
@ivanchos Има такви комплетчиња и по регуларните бутици: Бершка Страдивариус Зара Зара (Ќе допишам ако ми излезе комплет и на Инста)
Здраво женски, каде можам да најдам поголеми броеви фустани ко за на свадба елегантни? освен енџел, тој го знам, за Скопје прашувам?
Во Бисер има убави бутици во Аеродром, особено има еден исто се вика Енџел мислам, доста поволни цени сум видела таму.
Дали имаат инста или фб страни екои од продавниците за свечени фустани низ ГТЦ, Бисер и сл.? Освен Енџел, Ламас и Нана?