Девојки сакам да си купам сако некое интересно на ракавите со цветчиња или тигрест дезен,ама да не е многу скапо па ако сте виделе кажете каде има.
Јас пред некој ден видов во Еуроазија во Рамстор имаше плаво сако (материјалот не му беше како на нормално сако, малце беше рапав) со завиткани ракавчиња со цветен дезен. Многу беше срцкасто, а и плус видов една типка што го носеше истото и многу добро го имаше искомбинирано, останав со отворена уста! Иначе, кога го видов истото си викам ОМГ морам да го купам, но кога ја погледнав цената... Прескапо беше, барем за мене! Цената му се вртеше над 1000, не сум сигурна. Само ја погледнав цената и набрзинка си излегов од продавницата! Ми се плачешее, толку беше слатко! Ама ако ти можеш да си го приуштиш тоа, слободно оди, провери
вакви видов викендов во шутка и беа уште поубави од овие и имаа преубава боја кафена ама не ваква ама не прашав цена, инаку денес коа се враќав накај дома од бус загледав во една продавница на бит пазар ги има, кога ке го поминеш тоа мостот кога одиш за накај чаир во таа продавницата што е одма до оптика с
уфф какви штикли има во гтц на 1 спрат, ама 3000 и кусур каде со цениве ало во бижутерии пишливи менѓувчиња 500 денари за поголемките да не праиме муабет тој бувот веќе фамозен стана, секој 2 модел со був е па и скап...абере ајде, попусти нигде, во бершка цениве што да ви кажам изгор невиден фустанче од летна сезона 2500 ццц... немам коментари
Τапа сме со цениве,на летни и пролетни фустанчиња цените високи,а нешто ново нема.Другарка што купуваше за апсолвентска во мај,тогаш баравме фустанче и сега и треба пак уште истите еј едно,две нови дали има.Мизерија
да да, во веро баш гледав по бутициве, абе што да ти кажам, не отидов до елит и еко да видам што се дешава ! утре ќе одам за штука ако има нешто да разгледам да споредам цени едно скапано смрдливо крзно од зајаче 5000 денари видов Spoiler Aко видам некоја на до носи низ град ќе ја тепам
Поубави од овие, потемна боја и подобар модел само не на полна пета туку на ептен мала 2цм штикличка си купи другарка ми од Теранова (Светло) кафени, карамела, темна крем боја антилопски чизми до над колена, притеснети за ногата?
Е за цена не ја прашав, ама рачунај чизмите се од новите колекции во Теранова, значи висока треба да е цената...
Девојчики дека можам да најдам некои вакви слични ама црни чизми ... по можност да не се многу скапи ... зашто апла сум шворц. Фала однапред.
И јас барам слично нешто така само крем/кафено/карамела боја и поткачени да се заборавив да напоменам да не бидат ептен рамни туку така 1-2 цм. ?
За сите што ми испратија ЛП , за чизмите кои ги постирав во темата Слики од вашите чевли..итн, бидејќи моите не се од Мк. а онлајн не можело да се порачува, има слични во Битола во City Shoes, можите и на страната на Фб. да проверите..еве некои од чизмите постирани таму..сега ги видов, па сакав да ве известам ... Едит: Како грите , има и црни , ама јас изгледа два пати грите сум ги спуштила...
Девојки, сега во сабтоа одам во Скопје, на екскурзија. Сум била во Скопје, но како помала и навистина не се сеќавам на многу места. Ќе одиме на старата чаршија, па дали таму има некој добар бутик да ми препорачате?? Благодарам однапред.
вака нешо слично видов во шутка заостанат модел од мината сезона, речиси секоја втора носеше вакви па побарај
Исти вакви имаш во Летокарија на кош е продавничката кај Т-Мобиле и гледа накај улицата за цена не прашав. (мислам дека ме свати каде е)
http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... =1&theater Ги има во аванти да не знае некој која цена се?