треба да си купам тренерки,ама да се убави и квалитетни..може да ми кажете кои се цените во nike?или ако има негде на друго место исто известете ме,фала.
Девојки да ве прашам нешто.Каде има најефтини марами?АМА стварно ефтини а убави.Или слабо нешто такво?Сакам нешто со цветен принт или нешто такво...ама ефтинко
Девојки помагајте! Немам време за шетање, а од овие бутици кои имаат интернет страни, ништо слично на она што барам, не најдов. Се работи за следново: Ми треба краток фустан, со долги ракави, како со потпунки на рамениците. Гол грб може и немора да има.. Еве слика за да видите што одприлика барам - НЕ Е ВАЖНА ЦЕНАТА... Само да бидам поштедена од шивачки, проби и неуспешни креации п.с. во СКОПЈЕ
сигурно има на бит пазар и на зеленмо пазарче со цветен принт околу 150 до 200 ден им се цените, во секакви бои на цветичи има!
Одговор на сите прашања за темава. Се има на зелено пазарче или битпазар.. важно пазар да е фала јојоба и алондра, ке проверам во еко прво, а ако нема таму, на зелено пазарче..
За бувов сум 100% сигурна дека го има во Аксесорајз, ама и веќе каде го нема се прашувам. И другиве работи можеш да ги најдеш таму само морам да ти кажам дека цените им се ептен напумпани, дури и на попуст им се изгор.
Дали некој знае да ми каже колку се движи метро ситен сомот,на женски пазар ,матекс....Не знам каде на друго место се продаваат материјали?
Spoiler Блу, најди некоја маица што ти се допаѓа, можеш и некоја што веќе ја имаш без апликација и оди испринтај си ја. На полно места низ Скопје има каде што се принтаат маици.
Здраво девојки Да прашам..каде можам да ја сменам батеријата на обичен рачен бижутериски часовник овде во Скопје ? Еднаш ја сменив кај еден часовничар во ГТЦ и 200 ден. ми зеде ..моментално не располагам со таков буџет за само една батерија..дали моежеби на бит пазар или зелено пазарче има часовничари?? Фала ви..
^ има за 50 денари на зелен, на бит пазар, на буњаковеc, НО имало 2 вида батерии. И дадов и јас обичен часовник на мајка ми да ми стави батерија го однела на пазар ми смениле и за неколку месеци 3-4 отприлика престана да работи. Го однесов кај часовничарот во ГТЦ кај што секогаш си одам го отвори и батеријата протекла и ми го чистеше и ми стави сребрена батерија (мислам така се викаат тие подобрите). И тоа за 100 денари толку зима секогаш за батерија. Епа мене лично 50 или 100 денари не ми прават разлика а и посебно кога станува збор и за поквалитетна батерија. Затоа си одам кај часовничарот до Манго што е на пролазот накај жена парк, ти го препорачувам. А оние погоре ланчиња освен Акцесорис што се огин и пламен имате и во Њујоркер и Пикокс.
Бувовите ги имате за 100-150 денари на Битпазар, ни во лудило не ги плаќам во Аксесорајз. Се` заборавам на елеков, неколку дена по ред, видов пак на слика и ми текна. Кај има вакво чудо?