да провериш во аутлетот на Waikiki во point retail и во Reserved во city mall можно е да има, како да видов некои јакни да имаа извадено останати од зимската колекција на попуст.
@Curious cat трговски центар, на Македонско Косовска Бригада 67 се наоѓа. Под општина бутел се рачуна мислам.
Провери во Џамбо, и во barbag, ги имаш и на Инстаграм баш пред некое време сликаа организери за накит на стори. Продавницата им е некаде кај ТЦ Беверли Хилс
Здраво, дали имате искуство со нарачување на кошули од Hrive. Конкретно ме интересира за ленени кошули, квалитет и слично. https://hrive.mk/products/lenena-kosula-2?_pos=33&_sid=72b8e0d80&_ss=r
У Џамбо се изгор цените. Порачав од kuferi.mk. Презадоволна сум. Има голем избор на бои и материјал, разгледај си.
И во ранерс има, видов дека се со пристапни цени само не знам квалитетот каков им е. Јас имам од карписа купено, спие, не мрднал со години а изнавлечкан е
Дали сте забележале во Pinko во Рамстор Мол кога се најголемите попусти (ако воопшто ги има) на чанти и аксесоари? Сега гледам на некои модели имаат по 20 посто ама дали може да се очекува повеќе од тоа?