Дали некој видел некаде туника во овој стил, ама миди како на сликите не мини. Боја не ми е многу битна
Сега баш разгледав ама нема во моментов нешто налик ова. Ќе почекам зимски колекции по дуќаниве. А уште од лани ми е увртено дека сакам некоја ваква туника/фустан да носам
Здраво, каде можам да најдам чорапчиња за балетанки, од тенките како хулахопки, за девојче 6 и 2 години? На пазар нема, Сара фешн нема...
Чизми до колена ама широки за нозе со поголеми листови? Исто и папучи за по дома си барам, некои кјут да се, во Ист Гејт каде би можела да најдам?
Види на фб кај Molini shoes. Баш пред некој ден гледав објавиле чизми и повеќето модели беа нешто како на сликава.
Женски набргу кај сте биле во бутици низ Бисер,евентуално Лептокатија ГТЦ.Денес сакам до Бисер да одам ми требаат два фустани за свадба,свечени но не изгор.Има ли избор?
Во Бисер имаш неколку сигурно ќе најдеш нешто, незнам што точно бараш ама до 2000-2500 има сигурно. Има и една мааалку поскапичка таа е е од страна гледа накај катната гаража мало дуќане на ќошот има многу фенси фустани. Сврти го цел Бисер, има и еден нов бутик сеа кај Кисми пекарата и таму има многу избор. Sinsay за папучки за дома
Каде можам да купам класични панталони. Сегде прошетав низ продавнициве, Zara, Stradivarius, Bershka... по 1500 ден. Ако знае некој каде можам да најдам по поволна цена нека каже.
Незнам колку време си таму порано тоа беше Топер книжара, иначе бутикот е лепенка со Biana shoes, провери си. Има у пролазите кај Геталдус и Коле чевларот што се еден бутик исто на ќошот е и таму има доста избор.
Се извинувам постов не е за овде ама итно ми треба па некој ако знае да ме насочи каде можат да се најдат ваков тип на теглички по пониски цени затоа што ми треба поголема количина. Може и целосно метални мали, може и поголеми со метален/дрвен капак.
На која онлајн страна можам да најдам фустанчиња, не толку свечени, но не и многу обични? За регистрација ми треба. Само да биде онлајн.