Не знаев во која тема да пишам, ама сакам да ги пофалам Fioretto Jeans во ГТЦ. Брендот е српски, има фармерки, панталони, сукњи и слично, малку се поскапички, пример фармерките се околу 1800 денари ама квалитетот е одличен. Порано купував фармерки од Pull&Bear или Zara, ама во последниве 3-4 години им се станати катастрофални, посебно од Pull&Bear како партали им се, претенки. Овие од Fioretto одговараат на секаква конструкција на тело, не попуштаат, не се прават коленици, или да се спуштаат надолу, и освен класична фармерка има и други модели да се најдат.
Која е продавницава? Дали е една на приземје, што имаат кукли наредени со фармерки напред а влезот е малку поназад??
Да, да, на приземје е, одма кога ќе влезеш во ГТЦ од страната на Холидеј Ин, и вртиш лево, имаше нешто за чевли мислам прво, продавницава беше после тоа, малку повнатре. Имаат и страна на Инстаграм и ФБ.
Ваква јакна само црна боја? Видов во Зара ама бојата на крзното е кафеаво, сакам крзното да биде баш ваква боја или побела.
Во Зара имаше лани, сега само ваква, рано е, уште не изложиле. Во New Yorker гледав минатата недела 499 ден, мекичка чипка, во Calliope 249, чипката подебела.
дали некој знае дали пратките од косово и албанија што ги праќаат по карго ако се над 50е се плаќа данок
Јас. Корекни се и фини за комуникација. Имав проблем со доставувачот, па правевме промена на адреса за достава без проблем си средија и пратија на нова адреса. Инаку ок беше фустанот што го имав нарачано и соодветствуваше големината.