Ми треба целосна обнова на есенска/зимска гардероба за на работа. Панталони/фармерки, кошули, сако, мантил, чизми/кондури, ташна. Каде да барам со прифатливи цени? Не ми треба нешто премногу деловно, но така смарт кежуал, ни превише ни премалку Сакам да си земам најосновни парчиња, кои ќе можам да ги комбинирам лесно. После 3 години работа од дома, од 0 некаде почнувам Дали во Косово се исплати да одам, или горе долу слични се со цени?
Па не знам за Косово искрено, ама оди во Зара, манго, Котон особено имаат добра колекција годинава и цените им се понормални некако. Па и ваикики донекаде, зависи од моделите. Ама мислам дека можеш да најдеш преубави парчиња, без да се малтретираш до Косово или па Солун или друга дестинација
Каде да најдам металик златна ташничка во овој стил И вакви сандали со ниска штикличка Или вакво нешто Рагледав Зара Бершка обично се со висока штикла и се чека подолго време доставата.
Незнам каде да го ставам прашањето, па ајде овде. Дали знаете каде се продаваат ленти за затегнување на лице, при шминка што се користат? Најчесто на слепоочниците.
По грешка, мислејќи дека се нешто друго, имам нарачано од Али експрес. И тоа можеби повеќе од 50 лепенки се Да може тоа некако анонимно да се изведе, со задоволство би ти ги подарила
За штикливе не знам, не сум видела, а вакви чантички можеш да најдеш на битпазар, околу таму накај чаршија
Прати и ги по карго, голема работа адресата ако и ја дознаеш. Ама сакаш анонимно да е ептен, ако сте од ист град, остај ги на некое место познато што лесно се стига до таму но не толку фрекфентно и кај што нема премногу гужва, отиди си и пиши и да си ги подигне во одредено време. И онака викаш немаш што да им праиш, вака може ќе и користат.
Каде да најдам убави есенски фустани ребраст памук, да можам и трудна и после да ги носам, некои плетени комплети за есенва, и такви работи?
Каде да купам преса која витка вака поситно? Немора да е иста, важно е вака да витка. И да не е од интернет сакам да ја видам каква е.