Профавниците да облека, обувки имаат исти цени . Зависи што конкретно бараш, но најголем избор на артикли имаш во Ист Гејт, бидејќи во сити мол брзо се трошат. А ГТЦ има полимитиран избор на продавници, пак зависи што ти треба
За повозрасни имаш еден бутик во гтц во редот на Еуроазија, малечок е, на излогот секогаш има фустани, во Fia Fashion, спроти НЛБ централата, кај Рамстор Мол и Линеа. А за деловна за помлади можеш Обнова, во Фиа исто можеш, Линеа исто, можеш и од Котон, Зара, Манго да искомбинираш.
Каде можат да ми испечатат нешто на пижами? Или ако знаете некоја онлајн страна, каде што можам и да купам пижами и да ми испечатат уште подобро
Каде да најдам фустани слични на овие (и обични црвени штиклички, не шпицасти)? Ми треба најобичен црн фустан, не мора да е како на сликата. Исто и розев, ама розевиот да е тесен.
Bar bag boutique во Беверли Хилс, одма до рампата. За свадба од таму купив чантичка за 300 денари. Види на фејсбук страната имаат избор. И во Порта Влае имале продавница, сега гледам. Пак едит: таа од беверли ја преселиле во порта влае.
Сакам да си сошијам секојдневен фустан со кошула-материјал. Каде да најдам таков материјал? Бев на женски пазар ама таму се повеќето свечани материјали.
Види во синсеј и Сара фешн. Јас зедов од таму и ги перев во машина добри де покажаа. А не се ич скапи околу 400ден ги зедов
Пред некој месец од Бонати си купив хеланки за вежбање, топ се покажаа. Некаде околу 800 денари беа на попуст. Разгледај дали имаат нешто и таму во моментов.
Предложете бутици каде што може да најдам бел фустан за венчавка и регистрација (да не е долг до земја, може да е до под колена).