Во New yorker имаше во форма на срце и елипса, пред 1 месец видов и многу ми се допаѓаа. Не ми текнува колку пари беа.
да не знае некоја феминка колку се новите чизми во аванти шуз??? ставиле слики на сајтот пред неколку минути ама нема цени .......аххх ке умрам се заљубив во едни ....кажувајте како се движат цените која знае ???
девојки често гледам низ продавнициве вакви али ме интересира дали знаете некоја продавница во Скопјево каде што се поевтини
Јас лани си купив ова време ниски чизми до над колено и за неполни 14 дена се испоодлепија Ги залепив.Се одлепија пак и пак ги залепив,и веке се уништени,а само чизмите ги платив 2200,и кога ке ги додадам лепењата 500-600,а сум без чизми. Ама што е право мн се јаки ко модел,иако не заштитуваат од студ воопшто,и сите ми ги испофалија. Затоа совет,неземајте ниски,земете на штикла или барем некоја посигурна подлога освен обична мека лента во улога на ѓон.
invincible.06 не се многу скапи чизмите и воопшто се што има во Avanti Shoes е со нормална цена.Пред некое време купив кондури на платформа од таму и ги платив 1400 денари.
Вакви да не видел некој во Скопје или Кочани? Или слични на нив ама да не бидат премногу високи, те. платформата да не им биде превисока, а исто и горе да бидат до глужд или малку нешто повисоко.
Во Аванти имаш,баш вчера им го гледав најновиот албум на фб,со најновите модели и имаш вакви во повеќе бои.Побарај ги на фб и види си,памтам имаа под една слика и цена во коментарите напишано.