Искрено не ми текнува шо точно цена беше (но не беше многу скапа), ама наводно немало пак да ја донесат
Дали постојат TerraNova i Caliope на плоштад во Скопје? Не сум била 3години па не знам. И каде има повеќе избор таму или во East Gate во истите продавници?
Јас вакво само за крофни правење, обични од она за мини крофни порачав од интернет од Корал пред 3,4 години, и можам да кажам дека маста му ја извадив. Мислам беше околу 1800 ден ама сум многу задоволна. Не ми ги лепи и убаво испагаат. Гледам на овој има и фигури што бараш, јас кај нас не сум ни видела вакво. Ако ти е само за крофни на Корал, исто имаш во Нептун и Сетек ама немам искуство од таму. Дали знаете овие што плетат рачно кебиња од каде ја порачуваат волната? Има ли кај нас на големо што се купува? Јас не успеав на интернет да најдам, зарем и тоа е од Али?
Здраво девојки,каде во Скопје би можела да најдам фустани како за веридба/регистрација во бела или крем боја. Ви благодарам одднапред
Во мојот град пример има продавница каде продаваат патенти, копчиња и слично продаваат и таква вуница...Исто имаш на бит пазар продавници, а онлајн можеби има и други јас овие ги знам https://www.instagram.com/vunici.konci?igsh=MWRoczl4NGtzdWlwcw==
Препорака за mommy bag.? ( Оние како што идат со количка и од оние поголемите ) ? Убави, фешн... Гледав mulovelybag многу ми се скапи повеќе од 4000 денари
Каде да најдам убави и свечени едноделни панталони? За на свадба ми се за блиска личност. По можност и слика ако може, благодарам.
Сакам сам да направам новогодишно пакетче. Да израдувам едно детенце. Дали некој знае сега каде може да најдам кутија или ќеса? Имаше во Кам убави, ама нема повеќе. Па ако знае некој нека пише. Фала
Во поголемите маркети како Веро, Рамстор ако има останато, ако не можеш да купиш голема украсна ќеса и да ја наполниш
Има една парфимерија негде на почеток на стара чаршија во Скопје... И никако не можам да се сетам како се викаше. Имаат парфеми као нивни бренд + на точење продаваат различни. Помош?