Види Зара, манго или Страдивариус. Знаат да имаат и со океј цени. Манго се малку поскапи моделите. Зависи каков модел сакаш. Мене лично ми се свечени ама и најмалото бројче е големо. Теранова имаат понекогаш ама се евтини материјалите. Во Калиопи знае да има пообични, секојдневни модели, ама сезонава некако тенок избор имаат. Или па ја не можам да ги видам кошулите. Јас имам од тудорс машки кошули, од тие струкираните и многу ми се допаѓаат, ама тоа е веќе и ствар на вкус.
Дали некој знае дали на пазар имаат рамки за наочари ама со магнетче за да ставам врз нив онакво sunglasses делчето? Не знам како да ги објаснам
Има, се сеќавам уште години назад, можеби 7-8 години претходно имаше на пазарот и имаш еден куп тезги и продавнички да си избереш квалитетни наочари со клипче.
Каде во Сити мол може да се најдат детски бањарки и за возрасни ,ама по нормални цени? Дали има во Waikiki?
Бели панталони каде може да се најдат? Да не се прозираат секако, бидејќи се за крштевка. Може и како звонарки доле, а ако има и бело сако супер
Не е за мода ама не знам дали има тема за ова. Ми требаат онакви керамички (тањирчиња)?? Не знам дали така се викаат, што ставаат шминки врз нив на инста слики. Кај да најдам низ Скопје? Нешто како ова под кремиве
Женски, Каде да најдам вакви чизми (како на сликата со поголема платформа).? Ги видов во Stradivariua но немаа број.