Не се онлајн, ама во Кит Го маркетите има за 1000 ден и се многу убави за тие пари. Ако имаш во близина, можеби има останато. Кај нас за 2 дена се потрошиле, јас додека се натегав да земам, да не земам, затоа што не сум баш по скијање и слично и останав без нив. Да знаеш дека кај нив секоја година има ефтини и лани имаше, по спортските продавници се многу поскапи.
Да ми препорачате електрична турпија каде можам да купам? Некоја продавница или сигурна онлајн страница од кај што сте нарачале, само не мора да е професионална како во салоните што користат. Гледав некои по 1400/1500, од неколку страни на нет, таква иста има женската кај што правам нокти ама не знам дали е сигурна страната за да нарачам од таму.
Здраво девојки, имам едно прашање и драго ќе ми биде ако може некој да ми помогне Каде има фустани долги тесни за на свадба , елегантни, свечени нешто така, (но да не се над 100е) Поздрав до сите
Бутик Енџел Јакна зимска, секојдневна, до над колена дша не сте виделе. Онлајн гледав на Ивет имаа, ама не знам како им одат величините.
Од каде да купам торба за патување/ теретана што собира доста? Нешто од овој тип. Но да не е aliexpress или онлајн страница.