Може не е за тука прашањево но ме интересира за колку дена можам да заменам блуза конкретно ја земав од вајкики?
Каде да најдам женска бела кошула, материјал како вискоза, да не се гужва, да не е струкирана но да не е ни оверсајс, онака лабаво само да си пага???
Имав земено во котон бидејќи се мали модели. И струкирани. Во Зара нее ми се допаѓаат, многу ми се големи ама и ја сум малечка. Види ги кошулите во tudors, иако се машки модели, најмалите струкирани модели убаво стојат
Здраво дали некоја има купено рамки за наочари од пазар (ама со магнетче за посебниот дел за сонце)? Ме интересира како се движат цените на пазар, во споредба со оптиките.
Здраво, ве молам дали некој знае да ми каже каде може да купам стикер за на јакна? Го фатив ракавот на едно железо испакнато и се познава па сакам да го покријам некако тој дел.
Пред неколку години ми се случи слично нешто, стикери најдов во продавница за шивачки материјали во Битпазар, би требало во продавничките таму да има, кај пазарот.