Од пазар не, ама од ali express да, презадоволна и кога пак треба да купам пак од таму би земала. Види на фб Сарита две за 1500 мислам беа.
Не знам од кај си, мене не ми имаа стасано за одредениот рок нормално си напрајв рефунд, ми вратија пари и плус ми стигнаа. А кај нас гледам поштаров разносува пратки. Zvezda Boutiques на фејзбук.
Каде да си купам кожен каиш, средно широк, што ќе ми трае неколку години? Обично купувам од Ваикики, Котон и сл и ми се расипуваат за неколку месеци.
Види во Мона обично имаат некој на попуст што се , може да најдеш за 1000 денари, исто и во Пеко имам видено кожни каиши .
Синсеј да видиш, лани ова време некаде околу 1200 ден. зедов крем капут. Годинава не сум била да проверам дали има и како се со цени.
Каде можам да најдам долг фустан за свадба во Скопје? Ги поминав поголем дел од продавниците во Лептокарија и ГТЦ (освен Ламас), и Енџел во центар..
Јас би ти препорачала да одиш во чаршија. Барај ги чичковците што прават кожни ќе најдеш сто посто. Преквалитетни се. Пред пет години го имам купено, го носам малтене секојден не е мрднат