Во ексес, Јани Јани во кисела вода. Баш од излог видов слично. Не можам да ти гарантирам дали баш се како на сликава, ама носат често они вакви модели
Ако сега некој од скоро бил во Манго, да ми каже дали го видел овој фустан, дали го имаат и кај нас? (Од новата капсулна колекција). Однапред благодарам на одговорите
Тие на рампа што се секогаш имаат вакви модели. Ама не им се воопшто квалитетни. Неколку пати им имам дадено шанса и не ги бива, после само неколку носења, на шпицот материјалот се изабува и отвара дупка. Грдо изгледа, порано ајде и ефтини беа но сега и тие ги имаат покачено цените, искрено не вреди да се дадат 1500 ден за ѓубре кое трае само неколку облекувања.
Во право си, имав и јас некои лоши искуства со чизми кои и не ги платив баш евтино. Барам кондури на ниска штикла за излегување бидејќи не секогаш имам желба да стојам со часови на високи, а патиките често не ми одговараат. Би платила 3-4000 но да знам дека се квалитетни.
Зависи каков тип, за искачање или за свадба:? Од каде да најдам убави, ама стварно убави работи за трудница? (низ Скопје) Освен waikiki што моментално освен пиџами друго нема ништо, H&M ништо посебно.. Ми треба некој бутик да ги видам материјалите, онлајн моделите врска немаат со квалитет а богами и бројчето. Благодарам
Здраво жени, имам прашање каде да најдам фустани елегантни (за битна свадба) така по дебелки ама да има избор убав и да е во Скопје ?