Девојки јас сакам да ве прашам дали во Шантел во Кисела Вода кај рампа има нешто убаво да се купи,читам 199 ден се ама никако немам време да поминам се мислам за утре па кажете има ли нешто или да не очекувам премногу со оглед на цената ?
Да не знае некој дали и каде можат да се најдат вакви или барем слични штикли низ Скопјево? (би сакала ко првите со врвки и на платформа или ко вторите на платформа и со подебела штикла) или [/quote] Слични такви со врвки баш сега видов на бит пазар кај автобуската ... Баш на автобуската имаше две продавници со штикли. Сега нз како да ти објаснам која продавница не ми текнува името но можеш да си влезеш во двете и да си разгледаш... мислам дека беа 1700
Да прашам ,дали во Теранова има од оние сиви капи со машничка ?? другарка ми си купила па ја питав ми рече дека е од Теранова
За Аванти да си кажам јас како нивен редовен посетител, а богами и купувач Не се исплати чизми да се купуваат ниски кај нив во тек на сезоната затоа што не се квалитетни. Веднаш доле се одлепуваат или ѓонот се уништува. Аванти се супер за штикли без разлика сандали, салонки чизми, а и балетанките не им се лоши. Но ниските чизми не, барем сега колку што видов им се околу 2000 денари моделите, а гарантирам дека не вредат за цената. Јас лани земав 3 пара од кај нив и не ги бива, а штикли имам од пред 3,4 години супер се. Чизми има и во Шутка преубави модели до кај 1600 денари.
Шетам, барам и не можам да најдам. Викајте, карајте, но морам да прашам. Не можам чизми да си најдам. Ги пробувам оние слични модели како што се во Аванти, нели горе широки и можам и другата нога да ја пикнам внатре и пак нема да бидат исполнети. Е нејќам такви. Мода не следам, така да ги сакам залепени за мене и бар да ме стоплат малку. И некоја пристапна цена.
каде можам во скопјево да најдам убави,квалитетни и не со некоја премногу висока цена чизмички (не на штикла) ?
Едно малку оффтопик прашање ама ај не ма карајте многу. Освен на раскрсницата кај тутунски комбинат и во Бисер, каде на друго место има Трафик продавница? Најдов едни чевлички ама нема соодветен број во овие две продавници па викам трета среќа...?
Ваква капа или нешто слично, бојата не е битна во Скопје имате видено? И од оние шаловите како кругови?
Баш пред некој ден кога си идев од школо видов...има вакви нешто слични капчиња во маниа bags што е на рекорд и во буњаковец исто
[quote="Srekicka"/ Купи си обичен блузон и испринтај си го логото, а тигрести градници на зелено пазарче, пазар буњаковец и сите продавници за долна облека. [/quote] Фала среќичке
За капата... можеш да купиш обична машка капа, и да ја носиш малце подоле како на сликата (така прави другарка ми ). А за шалот во круг, мислам дека гледав нешто такво во Акцесорајз во Веро Центар. Не ме држи на збор, одамна беше тоа, но мислам дека сеуште имаат, и бај д веј беа мнооогу скапи! P.S. Не сакам да бидам офтопик но ако сакаш таква марама или шал, едноставно земи го шалот и едно ластиче. Со ластичето врзи ги заедно краевите на шалот и стави ги краевите позади вратот,и не ја носи косата фатена за да не се гледа
Теа џемпери убави имаш во елит и еко , по 550 денари . За шаловите ко круг има во Џордан во гтц , 300 денари се . И јас ги гледав во веро по 1000 и нешто .. За тие пари фармерки ќе зеам ..А ги има во сите бои во Џордан , јас земав нешто измеѓу лила и розево и кафеав
нема ништо само една сталажа се 199 останатите се по 1200 , а тие што се 199 не се ни за до малска продавница имаш на стара чаршија , само што ке се симниш од мостот десно во зградата пред да почне стара чаршија, имаат повеќе избор а и понекогаш се поефтини сестрами го има истиот проблем па затоа секогаш купува со крзно внатре -тоа буши и не се приметува многу + многу топли